СТАКЛА И КОНТАКТНИ ЛЕЌИ

Ви нудиме изработка на очила со вградување на диоптриски или заштитни(бездиотриски) стакла од реномирани светски производители на стакла од Германија, Франција, Италија и Америка.
Покрај монофокалните и бифокалните, изработуваме и мултифокални(прогресивни) очила со кои се постигнува максимална острина на видот на сите растојанија (гледање блиску, на средно растојание и за далеку).
 
 
Меѓу најновите технолошки достигнувања, кои осигуруваат најдобро решение за видот, се истакнуваат прогресивните очила со Varilux Ipseo® леќа. 
Varilux Ipseo® е персонализирана прогресивна леќа изработена врз основа на анализите на природниот начин на гледање индивидуално за секој пациент. За да може окото да ја гледа целата околина, мора да гледа преку целата површина на леќата. Зоните на оштриот вид се подесуваат према индивидуалното помрднување на очите на лицето и по потреба се прошируваат.
 
Од понудата на контактни леќи можете да изберете: дневни, месечни и тромесечни, годишни, торични и прогресивни, леќи со UV-заштита, козметички леќи во боја, како и сите течности за одржување на леќите.
Видено 2041 пати

Добивај Новости

Пополнете го формуларот подолу за да ви добивате новости на Вашата e-mail адреса.

За Нас

Оптика ВИДЕЛИНА е реномирана оптика, со своја традиција од 1993 година, чија основна дејност е изработка и поправка на очила... Повеќе

Кој е Онлајн

Имаме присутни 63 гости и нема членови

Контакт Инфо

  • ЈНА 41, 6330 Струга, Македонија
  • +389(0)46 786 020
  • +389(0)70 435 631