АСТИГМАТИЗАМ

Што е Aстигматизам?

Астигматизам е честа деформација на видот и може да биде поврзана и со кратковидост и со далековидост. Честопати си кажува како “имате цилиндри“.astigmatizam-2
 
Астигматизмот е последица на неправилниот облик на рожницата (рожницата нема облик на сфера) и/или неправилно обликована очна леќа. Можни се и други неправилности на окото кои можат да предизвикаат астигматизам.
 
Во случај на корнеален (рожничен) астигматизам обликот на рожницата повеќе личи на елипсоидна топка за рагби отколку на сферна топка за тенис.
Симптоми и знаци на астигматизам
Ако имате мал астигматизам, тоа и не мора да го приметите, може да имате само малку позаматен вид. Меѓутоа таквиот некорегиран астигматизам ви го заматува видот на сите растојанија, додатно го напрега окото и е причина за главоболки.
 
Ако имате астигматизам може да се случи хоризонталните и окомитните линии да не ви се јасни во исто време. Исто така, се случува и меѓусебно да ги замените некои од знаците, на пр. буквите Н, М, А, или броевите 8, 0 и буквата С.
 
Дали имам астигматизам? astigmatizam-3
Сами можете да проверите дали имате астигматизам или не, со посматрање на цртеж во облик на лепеза со секое око посебно, прекривајќи го едното око со раката: 
- Ако сите линии изгледаат еднолично црни, посматрајќи ги со секое око посебно, тогаш веројатно немате астигматизам.
- Ако некоја линија изгледа поцрно од другите, и ако нејзината местоположба се менува ако мрднете со главата, тогаш веројатно имате астигматизам.
Видено 2829 пати

Добивај Новости

Пополнете го формуларот подолу за да ви добивате новости на Вашата e-mail адреса.

За Нас

Оптика ВИДЕЛИНА е реномирана оптика, со своја традиција од 1993 година, чија основна дејност е изработка и поправка на очила... Повеќе

Кој е Онлајн

Имаме присутни 70 гости и нема членови

Контакт Инфо

  • ЈНА 41, 6330 Струга, Македонија
  • +389(0)46 786 020
  • +389(0)70 435 631