Објавено во За Нас
Видено 2034 пати
Оцени го овој производ (2 гласови)
ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ
Оптика ВИДЕЛИНА е реномирана оптика, со своја традиција од 1993 година, чија основна дејност е изработка и поправка на очила, како и трговија на мало и големо на производи врзани со својата дејност.
 
Оптиката е опремена со најсовремена технологија за изработка на сите видови диоптриски и заштитни очила, при што нуди високо софистицирано решение за секој корисник, посебно: за деца, за возрасни, за оние над 40 години (presbyopiа), за работа на компјутер, за заштита од сонце...
 
НАЈНОВИ ТРЕНДОВИ И НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА
Се грижиме за вашиот вид и за заштитата на видот од штетните сончеви зраци, при што се пристапува студиозно, стручно, и со посебно внимание: од совет за изборот на најдобрите заштитни очила, до избор на сончеви очила, а во понудата се голем избор на сончеви очила и диоптриски рамки од истакнати фирми кои ги потпишале истакнати модни креатори.
 
Вложувањето во нови технологии, долгогодишното искуство и врвната квалитетна услуга се основа на традицијата за квалитет на Оптика Виделина.
 
СОРАБОТКА СО ВРВНИ СТРУЧЊАЦИ ОФТАЛМОЛОЗИ
За сите проблеми со вашите очи - Оптика Виделина ви нуди КОНТАКТ УСЛУГА - закажување специјалистички прегледи кај врвни специјалисти очни лекари и очни хирурзи од земјава и странство кои користат најсовремени методи и тоа:
 
- Операции на катаракта (перде) со вградување леќа 
- Специјалистички преглед за решавање на висок очен притосок (глауком)
- Примена на најмодерен ЕХО апарат за откривање на сите болести на окото
- Решавање на оперативни зафати на тешки повреди на окото
- Терапија на крварење на очите кај дијабетичари со примена на ласер
- Чистење на солзни патишта при запушени очни канали
- Корекција на разрокост кај деца со вежби и по оперативен пат
- Корекција на висока миопија - кратковидост и астигматизам, ласерски или со контактни леќи

Добивај Новости

Пополнете го формуларот подолу за да ви добивате новости на Вашата e-mail адреса.

За Нас

Оптика ВИДЕЛИНА е реномирана оптика, со своја традиција од 1993 година, чија основна дејност е изработка и поправка на очила... Повеќе

Кој е Онлајн

Имаме присутни 179 гости и 18 членови

Контакт Инфо

  • ЈНА 41, 6330 Струга, Македонија
  • +389(0)46 786 020
  • +389(0)70 435 631